ВМРО ДПМНЕ ја условува поддршката за Законот за лични карти со „македонска“ националност

ВМРО ДПМНЕ со условна поддршка за Законот за лични карти предложен од Движењето Беса, кој предвидува вклучување на графа со етничка припадност. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, вели дека етничките графи се прифатливи за нивната партија, но и „македонска“ националност.
Мицкоски ја обвинува партијата Левица, дека во соработка со СДСМ, според него, го бранат штетниот договор од Преспа.
Според уставните измени, во согласност со Договорот од Преспа, државјанството во личните карти е нагласено како „на Северна Македонија“. ВМРО ДПМНЕ бара покрај етничката припадност, да се потенцира и националната припадност „Македонци“ и „Македонско“.
За Законот за лични карти, партијата Левица предложи 1.230 амандмани. Според нив, оваа дефиниција во личните документи е во спротивност со европските вредности и ги продлабочува етничките разлики. Етничката припадност во личните карти беше услов Движењето Беса да влезе во предизборна коалиција со СДСМ и услов за одобрување на уставните измени во 2018 година.
Адриан Керими