Мицкоски инсистира на предвремени парламентарни избори

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Хриситијан Мицкоски, инсистира на предвремени парламентарни избори, заедно со локалните избори. Тој рече дека во оваа насока работи со сите партии за формирање на ново парламентарно мнозинство.
И генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари не ја исклучува можноста да биде дел од ново парламентарно мнозинство, но како што рече, без ДУИ како дел од тоа мнозинство.
„Немаме преговори за ново мнозинство, но знам дека има големи незадоволства во владината коалиција. Според мое мислење, во моментов Владата нема 61 глас, што не значи дека е така, но во следните денови ќе видиме. Сè е можно, не ја исклучуваме можноста да бидеме дел од ново мнозинство, но без ДУИ. Јас секогаш велам, со ѓаволот можеме да коалицираме, со ДУИ не“, рече Таравари.
Пред неколку дена премиерот Зоран Заев, рече дека нема да има предвремени парламентарни избори, тврдејќи дека земјата кога поминуваше низ некулкуте циклуси предвремени избори не добича ништо квалитетно за возврат.
Алсат