МАКЕДОНИЈА

Враќањето на услугата „Мој термин“ предизвика долги чекања на граѓаните пред болниците


Чекаат ред за закажување термин, за кој немаа можност да го закажат шест месеци колку што трае пандемијата. На Клиниката за кардиологија, како и на секоја врата од другите клиники, пациентите се проверуваат дали имаат или не симптоми на коронавирус. Пациентите кои се жалат на недостаток на термини велат дека заштитувајќи се од Ковид 19 ќе умират од своите хронични болести.

„Трипати дојдовме со брза помош, мртов го донесовме. Не шутираа како фудбалска топка, од тука ни даваа упати да одиме на нефрологија. После месец и половина, повторно не упатија да одиме на нефрологија…“

„За време на пандемијата немаше термини од април па се до сега“…

„Беше комплицирано како и сега, но како и да е вршат некој итен случај, мислам со проблеми, но се решаваа некои работи“, реагираат пациентите.

Клиниката за кардиологија врши и ултравиолетова дезинфекција. Пациентите доаѓаат неколку дена подоцна откако ќе имаат кардиоваскуларни проблеми од страв да не бидат заразени во болницата, па затоа се соочуваат со компликации, вели директорот Зимбаков.

Последен, „Мој термин“ е пуштен во употреба во Клиниката за детски болести, каде што децата со итни потреби од болничко лекување полесно добиваат амбулантски третмани.

Во моментов, на Детската клиника се хоспитализирани 50 пациенти, на кои им е потребно болничко лекување. Децата кои имаат симптоми на Ковид 19 се хоспитализирани во Козле, за да избегнат инфекции.

„Секако дека имаше последици, но треба да ги разбереме и да имаме разбирање, да ги извбршиме контролите сега кога системот „Мој термин“ е отворен и контролите функционираат нормално“, вели еден пациент.

Клиниките за срцеви болести и за бели дробови остануваат приоритет на здравствениот систем, како две најранливи категории за компликации од корона вирусот. Според СЗО, од овие две болести низ целиот свет умираат 17 милиони луѓе за една година.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button