МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Среде зима локалната власт и „Македонија пат“ ги изненади снегот

Целосната неспособност на оваа власт се виде изминативе 24 часа – затрупани автопати, булевари и улици со снег, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

Во партиското соопштение се додава:

Да не беше трагично ќе беше смешно, среде зима во февруари месец локалната власт, но јавното претпријатие „Македонија пат“ ги изненади снегот.

Парализирани беа магистралните, регионалните патишта, а најмногу споредните улици низ градовите. Немаше ниту кој да ги исчисти пешачките патеки и тротоарите.

Сообраќајни несреќи заради нерасчистените улици и булевари беа сведок за незаинтересираност на најнеработливите градоначалници, како во Скопје така и низ цела Македонија. Вчера сведочеа илјадници слики по социјалните мрежи за заглавени возила низ цела Македонија.

Овој хибриден режим не знае за работа во служба на граѓаните, тие знаат само за наместени тендери, криминал и корупција, се наведува меѓу другото во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button