ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Заев од Табановце: Првата пратка вакцини од Србија е израз на пријателска и соседски подадена рака

Овој настан е резултат на пријателството и меѓусебната поддршка меѓу народите и државите, како и на разбирањето на ситуацијата во која се најде целиот свет, рече премиерот Зоран Заев на граничниот премин Табановце, за време на примопредавањето на вакцините од Србија.
„Како израз на драгоцен чин на пријателство, Република Србија и српскиот народ денеска солидарно споделуваат дел од своите вакцини со народот на Северна Македонија. Пакетот од 4680 вакцини, од вкупно 8.000 е израз на пријателска и соседска подадена рака за поддршка и прва помош за македонските граѓани додека стигнат вакцините што ги нарачавме“, рече Заев.