ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За СДСМ неразбирливи барањата на ВМРО-ДПМНЕ за личните карти

СДСМ „не го разбира“ барањето на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „македонска“ националност во личните карти и неупотребата на новото уставно име во овие документи. „Не разбираме зошто има дополнителни услови од опозицијата, додека има закони за кои досега се гласаше, додека тие се поврзани со новото уставно име на државата“, велат од СДСМ за Алсат.

Advertisements

„Очигледно, намерата на опозицискиот лидер е поинаква, но ова ги става во незавидна ситуација пратениците од неговата пратеничка група кои досега немаа никаков проблем со преписката на Собранието според Уставот, предлагајќи и одобрувајќи закони со новото уставно име, како претседатели на парламентарни групи и делегации под името Република Северна Македонија“, велат од СДСМ.

Движењето Беса, кое предложи измени на Законот за лична карта, не кажува дали ќе го поддржи амандманот на ВМРО ДПМНЕ, велејќи дека ќе заземе став по собраниската дебата.

„Во моментов се процесуираат поднесените амандмани и сè уште не им се распределени на пратениците преку е – парламентот. Затоа, не знаеме што е предложено со нив за промена и како предлагачи на Законот ќе можеме да се произнесеме за време на разгледувањето на амандманите во Комисијата по расправата. Секој предлог закон треба да биде конзистентен и во согласност со сегашниот Устав. Добро е што идејата на Движењето Беса за етничка графа во личните карти има широка поддршка и кај опозициските партии“, велат од Беса.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, вчера рече дека за неговата партија е прифатлива графата за етничка припадност, но и „македонска“ националност. Формално, ВМРО ДПМНЕ поднесе амандман, со кој се бара само бришење на членот 6 од Предлог законот за лични карти, кој предвидува во целиот текст на законот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“.

„Амандманот е предложен заради петгодишниот рок потврден со Уставниот закон за усогласување на важечките документи со Уставот на Република Македонија“, стои во амандманот на ВМРО-ДПМНЕ.

Анеса Салиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button