Има и розово, но моментално сме во жолто сценарио, вели Караџовски


Алсат
06.09.2020 19:53
Епидемиолошката состојба во државата со ковид-19 е стабилна, со благ тренд на намалување на бројот на пациенти, вели првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски во изјава за „360 Степени“. Сепак, предупредува дека состојбата може лесно да се промени и не смее да се каже дека вирусот ја изгубил силата.
Според него, системот е подготвен и за најлошо сценарио, посочувајќи оти има розово, жолто, црвено и црно сценарио.
– Да не испаднеме дека ние сме пророци и предвидуваме што ќе се случи, ние како секоја нормална институција мора да размислуваме за добро, средно добро, просечно, лошо и многу лошо сценарио. Во моментов сме во жолто сценарио, имаме број на заболени, но го држиме под контрола. Состојбата не е влошена, изјави Караџовски.