СВЕТ

СЗО: Во Вухан знаци на поширока првична епидемија уште во 2019 година

Мисијата на СЗО откри дека уште во декември 2019 година во Вухан, имало 13 различни соја на коронавирусот, изјави во ексклузивно интервју за Си-Ен-Ен научникот од Светската здравствена организација Питер Бен Ембарек.

Advertisements

Податоците собрани за време на првото патување на научниците, кое имаше за цел да го испитаат потеклото на ковид-19, може да укажат на епидемија што била далеку пораспространета отколку што досега се мислеше.

Некои вирусолози веруваат дека големиот број соеви во Вухан уште во декември може да значи дека вирусот претходно се ширел незабележан.

„Во Вухан вирусот кружел уште во декември, што е ново откритие“, вели Ембарек, главен истражувач за мисијата на СЗО во Вухан, додавајќи дека откриле знаци оти во Вухан во декември 2019 веќе имало над 1.000 заболени од ковид-19.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button