
Сите британски и ирски државјани и жители на Велика Британија кои пристигнуваат во Англија откако биле во земја со ризик од КОВИД 19 сега треба да бидат ставени во карантин во хотелите, пишува Би-Би-Си. „Црвената листа“ вклучува 33 земји, вклучувајќи ги Португалија, Бразил и Јужна Африка.
Новите регулативи насочени кон запирање на влегувањето на нови варијанти на КОВИД 19 во земјата се однесуваат на пристигнувањата на луѓето кои биле на некое од овие места во изминатите 10 дена. Министерот за здравство на Велика Британија, Мет Ханкок изјави дека појавата на нови варијанти на корона вирусот значи дека владата мора да продолжи со ограничувањата за патувања.