ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради студот прекината наставата со физичко присуство во Охрид и Струга

Снегот и ниските температури, ги врати на онлајн настава учениците од десеттина училишта во Охридско-струшкиот регион. Раководствата на училиштата заедно со советот на родители одлучиле привремено да биде прекината наставата со физичко присуство. Дел од овие училишта се наоѓаат во повисоките рурални средини во регионот, а многу од наставниците до своето работно место доаѓаат со автобус или автомобил.

Advertisements

„Со оглед на ситуацијата и со оглед на местоположбата на нашето училиште, донесовме одлука да се оди со онлајн настава. Самото загревање на училиштава сега во вакви услови, далеку е да се постигне температура. Со самото доаѓање на училиште, снегот си го прави своето. Учениците ќе се наводенат, ќе останат тука, ќе се исуши сето тоа на нив. Пандемијата и самата си го прави своето.Мала настинка не би дозволиле да влијае на дечињата и затоа не е ништо спорно една недела наставата да се следи онлајн од дома“, рече Наташа Танеска-директор на Основно училиште Свети Климент Охридски.

Од основното училиште Свети Климент Охридски во Охрид, велат дека онлајн наставата за учениците од прво до трето одделение, ќе продолжи до крајот на оваа недела, сѐ додека температурите и временски прилики не дозволат наставата да се изведува со физичко присуство.

Во Охрид станува збор за осум училишта дел се во градот, додека во Струга, тоа се училиштата во селата Радолишта, Јабланица, Радожда и Луково. А, во регионот, големите количини на снег кои наврнаа и понатаму создаваат проблеми. Низ струшките села има и луѓе кои самоиницијатвно го чистат снегот. Љуљзим Мена, иселеник од Швајцарија, со својот џип два дена го чисти снегот.

„Благодарене на Љуљзим Мена од село Мислодежда, тој доброволно има исчистено пат во должина од 50 километри, од село Татеши,Богојци, Брчево, Пресовјани, Мислодежда. Општината има исчистено до Татеши, од тука исчисти Мена, на кого сме му благодарни“, изјави Шеријат Арслани-жител на село Богојци.

Патот Охрид Струга, е прооден, но и понатаму е под снег, поради што тешко се одвива сообраќајот.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button