
Владата на словенечкиот премиер Јанез Јанша доцна синоќа ја доби довербата во парламентот, а предлогот на опозицијата за назначување Карл Ерјавец за мандатар за состав на новата влада не помина. Во целодневната парламентарна дебата, левичарската опозиција ја обвини владата на Јанша за непочитување на уставните принципи, авторитарен стил на владеење, грешки во надворешната политика, отуѓување од централните држави на Европската унија и лошо управување со епидемијата на коронавирус.