ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Нацрт Концепцијата за основно образование денеска пред пратениците

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 34 седница, на чиј дневен ред се 67 точки.
Пратениците, меѓу другото, ќе расправаат за Предлог законот за дополнување на Законот за средното образование, по скратена постапка, за предлог измените на законите за оружјето, за прекршоците против јавниот ред и мир, за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Законот за здравствената заштита,…
Како последна 67 точка е Информацијата за нацрт Концепција за основно образование.