МАКЕДОНИЈА

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Струга-Дебар

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга-Дебар е укината, информира денеска Автомото сојузот на Македонија.

Advertisements

Од АМСМ соопштуваат и дека има забрана за сите видови моторни возила на патниот правец Р2248 помеѓу селата  Ранковце и Герман.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно суви коловози. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Од Автомото сојузот на Македонија потсетуваат и дека во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button