ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Екипите на ЕВН на терен за да го санираат дефектот на улицата „10“ во Арачиново

Ден откако дел од жителите на улицата „10“ во Арачиново револтирани од 50-дневниот недостаток на електрична енергија, се обидоа насилно да влезат во канцелариите на ЕВН во Бутел, денес напладне екипа на оваа компанија беше на терен за да го санира дефектот. Жителите кои ни испратија слики велат дека се зајакнува линијата за снабдување. Од компанијата за снабдување со електрична енергија, велат дека мрежата е реконструирана пред неколку години и дека истата, како што велат, е изградена за да ги издржи сите легални корисници. Проблем во мрежата предизвикуваат тие кои нелегално користат електрична енергија.

Advertisements

Голем број жители од таа населба се нелегално приклучени во дистрибутивната мрежа и ова предизвикува штета. Пред неколку години, ЕВН Македонија спроведе проект за реконструкција на мрежата со цел да се подобри снабдувањето и состојбата на мрежата во општина Арачиново. Со текот на времето, одржувањето на мрежата и извршувањето на секојдневните активности станува се потешко заради отпорот од некои жители во тој дел. Имено, при каква било интервенција од наша страна во тие населби, а конкретно и во таа улица, тимовите се запрени и се соочуваат со вербални закани и физички напади. Сепак, ние се обидуваме да најдеме заеднички јазик и да им понудиме решенија на жителите – велат од ЕВН.

Со недостиг на електрична енергија повеќе од 17 часа се соочуваат и жителите на тетовското село Гајре. Тие велат дека ова се с случува трет пат од декември.

Рамадан Муртезани- Граѓанска иницијатива „Доста е“ “ Цели 17часа во ова ладно, немаат електрична енергија. Ова не е прв пат. Во сите Шарпланински села од декември наваму, трет пат што нема електрична енергија. Бидејќи трафостаниците и далековидите не се одржуваат, а тоа е небрежност од страна на ЕВН и МЕПСО. Ова дискриминација, со посебен акцент, можеме да кажеме дека се прави само за Албанците во овој регион. Проблемите се појавија откако ние започнавме со нашите протести“.

Еви Шкопи

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button