ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Почнува вакцинацијата против ковид-19

Денеска почнува вакцинацијата против ковид-19 и тоа најпрвин со вакцинирање на здравствените работници од Инфективната клиника во Скопје. Надлежните потврдија дека подготовките за масовното вакцинирање се во тек, а до крајот на месецов се очекува да пристигнат и кинеските вакцини. Вакцинацијата ќе почне во 10 часот, во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Министерството за здравство соопшти дека пунктот во модуларната болница каде има шест позиции за вакцинирање ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствениот дом Скопје. Според утврдениот план, термините за вакцинирање ќе бидат на 10 минути.