ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Докторка и сестра се првите во државава кои примија вакцина против Ковид-19

Докторка и главна сестра се првите во државава коишто ја примија вакцината против Ковид-19, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Како што кажа тој, вакцинирањето ќе продолжи, а ќе ги опфати најпрвин вработените на инфективната клиника во Скопје.

Advertisements

„Денеска продолжува вакцинацијата на сите вработени на Инфективната клиника. Следат вработените во сите ковид центри, најпрвин тука, во Скопје, а од викендот и болниците ширум државата и приватните болници“, рече Филипче.

Очекувањата се дека вакцинирањето на медицинските работници ќе заврши за 7-10 дена.

„Капацитетот на вакциналниот пункт овде, на шест работни места, е максимално 500 на ден, ние ќе започнеме со распоред од 300-350. Така што за период од близу една недела до 10 дена ќе се извакцинираат сите здравствени работници“, рече Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button