ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Антикорупционерите добиваат три ката од зградата на Службата за општи и заеднички работи

Антикорупционерите добиваат три ката од зградата на службата за заеднички работи. Вицепремиерот за борба против корупција потврди дека одлуката е донесена на вчерашната владина седница. За колку време антикорупционерите ќе се сместат во новите простории зависи од нив и од времето потребно за инсталирање на софтверот за поврзување на институциите.
Владата според вицепремиерот Љупчо Николовски обезбедила и пари за реновирање и опремување на просториите. Станува збор за зградата во којашто се сместени просториите на министерство за животна средина и просторно планирање и управата за финансиско разузнавање, а зградата е на Службата за општи и заеднички работи.