ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупционерите ќе се вселат во државната зграда наспроти МНР

Антикорупционерите добија нови простории. Со одлука на Владата Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси ќе се пресели во државна зграда која е под Службата за општи и заеднички работи, карши Министерството за надворешни работи. Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски вели дека антикорупционерите ќе бидат сместени во моментално најдобрите простории со кои располага државата.

Advertisements

„Денеска дури разговаравме и за други две теми, а тоа се искуствата кои ги има државната комисија за слабостите кои ги покажа новиот закон од 2019 година, формирање на работна група заедно со министерот за правда. Тоа го договоривме денес а другата недела ќе се процесуира, се со цел да ги отстраниме сите слабости и проблеми“, изјави Николовски.

Претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска вели дека сака да верува дека овој пат одлуката на владата ќе биде конечна, и антикорупционерите ќе добијат нови простории. Дополнително, вели сега владата не треба да троши пари, бидејќи зградата е во државна сопственост. Сепак, и да се вселат во најбрз можен рок, софтверот кој треба да ги поврзе институциите и да се има поголема контрола би бил функционален на крајот на годинава, потврди Ивановска.

„Поврзувањето со 17-те институции значи полесно обезбедување на податоци и меѓудругото проверка на имотна состојба, но и не само тоа и други податоци. Се наметна потреба, се наметнаа суштински проблеми кои ја отежнуваат работата на комисијата и се јави потреба од допрецизирање на поедини поими. За таа цел ќе биде формирана работна група и ќе ја формира министерот за правда“, изјави Билјана Ивановска претседателка на ДКСК.

Жестоки реакции во јавноста предизвика одлуката на владата, просториите првично кои беа наменети за Комисијата за спречување корупција му беа доделени на новоформираното министерство за Политички систем. Инаку, Македонија на последниот извештај за корупција падна на 111 место, најлошо до сега а како причина се наведуваат неказнивоста од страна на судската власт, непознат пат на црните пари, слобода на говор и човекови права.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button