ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Владата и средношколците се договорија – Ќе се полагаат два екстерни испита, третиот станува интерен

Изнајдено е заеднички прифатливо решение помеѓу средношколците и владата. Информацијата на заедничка прес конференција штотуку ја споделија премиерот Зоран Заев и лидерот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи. Како што кажа Ходаи, со владата меѓу другото е договорено да има два екстерни испита, а третиот е симнат на ниво на интерен испит.
„Со тоа ниту еден матурант не би имал проблем со упис на факултет тука или во странство и повторно би го имал потребниот број предмети кои му се бараат за упис“, рече Ходаи додавајќи дека со владата е договорено и скратување на испитните програми.
Премиерот Заев информираше дека со средношколците е договорено матурата да започне една недела подоцна, наместо од 29 мај, да почне од 5 јуни.