
Околу 13 часот умерен земјотрес ја погоди областа Сисак и Петриња. Потресот бил почувствуван и во Загреб.
“Сеизмолозите забележаа прилично силен земјотрес со епицентар недалеку од Петриња, близу Глинска Полјана. Јачината на потресот беше 4,0 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот беше на 5-тиот степен од ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба.
Епицентарот бил на 18 км северозападно од Сисак и 48 км од Загреб, на длабочина од 2 км.