Несогласувањa меѓу партнерите на коалицијата СДСМ-БЕСА-ДУИ, околу поделбата на парламентарните комисии


Алсат
07.09.2020 15:50
Опозицијата бара од парламентарното мнозинство да ги реши, според нив, несогласувањата меѓу себе и да предложи челнови за да се формираат работни тела во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ ги бара сите комисии што ги имале во претходниот состав, освен онаа за избори и именувања.
Опозицијата неофицијално ги предложи имињата на претседателите на 8-те комисии. Пратеникот Антонио Милошоски повторно е предложен да претседава со Комисијата за надворешна политика, за претседател на комисијата за финансии е предложен Тимчо Муцунски, за социјална политика Рашела Мизрахи, за надзор врз комуникациите Игор Јанушев, а со комисијата за земјоделство пратеникот Љупчо Димовски.
Kомисија за финансии – Тимчо Муцунски
Комисија за заеднички можности – Благица Ласковска
Комисија за надворешна политика – Антонио Милошоски
Комисија за труд и социјална политика – Рашела Мизрахи
Комисија за надзор на комуникациите – Игор Јанушев
Комисија за надзор на работата на АНБ и разузнавање – Љупчо Пренчов
Комисија за земјоделство – Љупчо Димовски
Од СДСМ велат дека се очекуваат конкретни чекори во среда по состанокот меѓу координаторите на пратеничките групи. Во СДСМ и Движењето Беса, се уште трае дебатата за тоа кој ќе ја предводи Комисијата за европски прашања, што ја бара и ДУИ. Партијата на Али Ахмети сака да ја предводи Комисијата за уставни прашања, со која според Деловникот претседава претседателот на Собранието, како и Комисијата за здравство и Комисијата за образование. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе има претседател на две собраниски комисии.
Според Деловникот, на опозицијата и припаѓа Комисијата за слободи и човекови права, а се надеваат на уште една од комисиите како што за образование, здравството или културата. Во принцип, 21 парламентарна комисија се поделени 60 спрема 40 проценти во корист на власта. СДСМ и ВМРО ДПМНЕ имаат по 8 комисии. ДУИ ќе раководи со три комисии а коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива со две комисии. Партиите на Албанците во Собранието ќе претседаваат со 6 комисии, или 30 проценти од работните тела. Пред да се формирааат овие комисии, Собранието не може да дебатира и да донесува закони.
Адриан Керими