ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратениците на Левица бараат јавна расправа за Законот за лични карти

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска, како и до претседателот на Собранието, Талат Џафери, поднесоа барање за одржување на јавна расправа и јавна дискусија за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта.

Advertisements

Од партијата сметаат дека таквата расправа е потребна бидејќи, како што велат, овој Закон се заканува да предизвика етничка дискриминација.

Исто така, сметаме дека на претстојната јавна расправа, соодветно треба да бидат поканети претставници на невладини организиации кои се бават со човекови права, стручњаци од пракса, професори по меѓународно право за правата на човекот, граѓански активисти, експерти и други општествени чинители – како би можеле истите, со свои професионални мислења и ставови, ефикасно да придонесат за разјаснување на отворените дилеми во јавноста и за евентуално подобрување на предложениот законски текст, велат од Левица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button