Јанкулоска ја отфрла вината во „Таргет-Тврдина“

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во своите заврши зборови за случајот „Таргет-Тврдина“, се претстави како жртва на масовното прислушување и ја отфрли целата вина што ѝ се става на товар со обвинението. Таа во предметот е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување, односно во делот за уништувањето на опремата од системот „Најс трак“, со што, според обвинителството, обвинетите сакале да ги прикријат доказите. Во делот за прислушувањето, таа не е обвинета и побара да биде ставена на списокот како жртва.
„Јас најмалку имам мотив да му помагам на некој што е поврзан со овој монструозен чин на масовно кршење на човековите права. Јас и моето семејството претрпевме и сè уште трпиме огромни последици од прислушување. Тоа почна со самото прислушување преку воајерското објавување приватни комуникации, кои се присутни и денес, кога сè уште трае медиумскиот линч кон мене. За сето ова време имам силен мотив овој скандал да се расчисти до крај и сторителите да бидат казнети затоа што тоа е мала сатисфакција на жртвите. Во мојот случај наместо сатисфакција добив обвинение и барање за долгогодишна затворска казна“, рече Јанкулоска.