ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се отвора дебата за донесување на посебен Закон за вонредна состојба

Минатата година во време на епидемија со корнавирус, за прв пат беше прогласена вонредна состојба на цела трериторија на државава. Со распуштено Собрание и техничка Влада, прогласувањето беше во рацете на претседателот Стево Пендаровски. Тој смета дека токму корона-кризата покажала дека не сме подготвени за вакви околности. Затоа иницира дебата за донесување посебен Закон за вонредна состојба со кој ќе бидат уредени сите празнини.

Advertisements

„Идниот закон мора да биде продукт од дијалогот меѓу експертите, но и во генералната јавност и да биде донесен врз основа на најширок можен политички консензус“, изјави Стево Пендаровски – претседател на РСМ.

Посочувајќи на правната конфузија во оваа сфера, екс министерката за правда, Рената Дескоска, го критикуваше Уставниот суд во однос на мислењето за траењето на важноста на владините уредби со законска сила.

„Во едни одлуки Уставниот суд велеше дека тие важат додека трае вонредната состојба, во други велеше дека тие може да важат и подоцна и не ги укинуваше и поништуваше актите коишто содржеа одредби и мерки коишто важеа и подоцна“, рече Рената Дескоска – екс министерка за правда.

Професорот Светомир Шкариќ смета дека во борбата со вирусот се користат сите разположливи средства како да е воена состојба, па ја отвори дилемата дали вонредната состојба во исто време треба да биде и воена?

„Авторите на идниот закон за вонредна состојба ќе мора да водат сметка за тоа со цел мислата да биде толку дисциплинирана и рационална во пишување на текстот за да можат законските одредби да бидат ефективни“, нагласи Светомир Шкариќ – универзитетски професор.

Универзитетската профероска и пратеничка, Гордана Силјановска-Давкова, укажа на елементите кои мора да бидат прецизирани во идното законско решение.

„Денеска во неколку устави, а и Венецијанската комисија и во неколку закони се вели дека за време на вонредна состојба не треба да има избори, се препорачува да нема пописи, се препорачува да нема референдуми зашто за сите овие состојби е потребна мирна политичка состојба“, изјави Гордана Силјановска-Дафкова – пратеник и универзитетски професор.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ рече дека Министерството ќе подготви нацрт текст на законот по што најави широка дебата до формирање на конечната верзија. Денешната конференција беше на иницијатива на Претседателскиот центар за политичко образование насловена „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button