ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово почна да гради улица пред 4 години и ја остави на половина, проблем – експропријацијата

Улицата којашто се наоѓа во близина на градската касарна во Тетово е во мизерна состојба. Работите што започнаа на неа пред повеќе од 4 години се оставени на половина. Жителите се револтирани, а од општината велат дека проблем е експропријацијата.

Advertisements

„Започна да се гради пред четири години и наместо да стане убав, добро осветлен чист булевар, со тротоари, како што беше во проектот на општината, останува само улица со дупки, вода и депонии создадени на разни места“.

Ваквата состојба ги вознемирува жителите од населбата кои секој ден покрај нечистотијата со која се соочуваат и ризикот од болести, ги уништуваат и своите автомобили. Дупките некаде се длабоки дури и до 30 сантиметри.

„Преклани Теута одржа состанок со нас и ни вети дека ќе го направи патот, но остана само ветување без воопшто да работи. Во лето не можеме да ги отвориме прозорците од големата прашина, личи на Сахара. Дури и депонии почнаа да никнуваат, има и кучиња, имаме мали деца, имаме жени на работа, страшно е да се оди наваму“.

„Ова ги оштетува автомобилите, амортизерите, тешко тие што остануваат тука. Откако почнав да минувам од тука, само вака ја гледам улицава, нема никаква промена“.

„Не знам, немам коментар, не знам што да кажам“.

Од општина Тетово, за целиот застој прстот го вперуваат со едно семејство, кое според нив, не дозволувало експропријација на земјиштето.

За улицата ‘Благоја Тоска’ поточно делот кај градската касарна, не би рекле дека има некаква пречка бидејќи сите постапки се завршени и целата документација е потпишана. Остана само еден договор да се потпише со едно од семејствата за теренските работи да можат да продолжат – велат од Општина Тетово.

Останува да се види дали овој дел од улицата „Благоја Тоска“ ќе ја има истата судбина како оној кај Тетовската болница, за чие регулирање се чекаа пари од Владата за да се заврши откупот на земјиштето.

Башким Сулејмани

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button