МАКЕДОНИЈА

Обвинителството ќе се жали за условната казна за сообраќајката кај „Млечен“


Обвинителството ќе се жали до Апелациониот суд на условната казна за сообраќајката кај „Млечен ресторан“ во Скопје. Незгодата која се случи пред две години, беше кобна за 32 годишен мотоциклист од Тетово, додека неговата бремена сопруга – сопатник беше тешко повредена и од ударот го загуби плодот. Наташа Димитриевска денеска до Судскиот совет поднесе претставка за судијката која ја донесе пресудата.

„Се надевам дека Судскиот совет ќе ја разгледа оваа претставка, дека ќе постапи по истата, со тоа што имам побарано да бидам присутна на јавната расправа доколку сметаат дека е неопходно и ќе имаме успех во оваа правда за Гоце, за мене и за нас“, рече Димитриевска.

Кривичниот суд, одлучи да не ја коментира одлуката за да не и наштети на жалбената постапка. Појаснуваат дека судот постапува по обвиненија кои го пишуваат обвинителите.

„Судот во ваков случај не може  да смени или преквалификува кривично дело ниту може да излезе од рамките на пропшишаната казна“, наведуваат од Кривичен.

Натали Петровска од невладината „Сите за правично судење“ посочува дека сообраќајката кај „Млечен ресторан“ е показател дека треба ветинг во судството.

„Казнената политика во државава продолжува со својата лоша тенденција, односно со блага казнена политика за сторители на толку чести кривични дела односно загрозување на безбедноста во сообраќајот еве со смртни последици како што е овој конкретен случај“, изјави Натали Петровска, Коалиција сите за правично судење.

Условната затворска казна од две години за 63 годишниот возач, ја донесе судијката Елена Илиевска – Јосифовиќ која пред три години во извештајот на Стејт Департментот беше посочена како судијка преку која се прават политички манипулации.

Бојан Стојановски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button