ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Еве колку се сигурни вакцините „Фајзер“ кои почнавме да ги употребуваме

Неколку дена пред годишнината од првиот потврден случај лани на заразен со коронавирус во земјава што се случи на 26 февруари, неделава беа дадени првите вакцини. Првите дози се наменети за медицинскиот персонал. Освен што се тие најдиректно изложени на заразени пациенти, целта беше и да се тргнат сите дилеми околу можните несакани ефекти од вакцините. Тоа двоуми многу граѓани дали воопшто да се вакцинираат, но имунолозите велат дека нема простор од паника. Познатите контраиндикации се малубројни.

Advertisements

Но, постапката за чување и употреба на вакцината на Фајзер останува така деликатна. Дури и Агенцијата за лекови во текот на неделата го подготвуваше упатството според препораките на фармацевтската компанија за секој детал за да не дојде до расипување на вакцините. Ризикот е голем да се промаши една доза со мала грешка. Водичот покажува дека ампулите не треба да се тресат, а ако бојата се промени или се појават честички во неа, вакцината не треба да се користи.

Имаме посебен водич за здравствените работници зашто тие ќе ги применуваат вакцините кај пациентите. Водичот има околу 40 страници каде детално се опишани сите постапки како треба да се прифати вакцината, каде треба да се чува, под кои услови треба да се чува, како треба да работи и како да се меша сè до моментот на апликацијата – изјави Лирим Шабани, директор на Агенцијата за лекови.

Вакцините Фајзер не треба да им се даваат на лица со тешки алергиски реакции како што е „анафилакса“. Според официјалните студии, во експерименталната фаза на оваа вакцина на 10.841 лице на возраст од 16-55 години по приемот на првата доза, над 29% од нив имале несакани ефекти, но не сериозни. Најмногу се појавиле грчеви на мускулите на лицето. Според студиите, овие реакции можеби дошле од самата вакцина, од пропусти во постапките на дистрибуција и чување на вакцината или од грешки на медицинскиот персонал при нејзиното ставање.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button