ВЕСТИСВЕТ

Данска и Шведска воведуваат дигитален пасош

Шведска и соседна Данска планираат да воведат дигитален „корона-пасош“ до летото, пишува Дојче веле.

Advertisements

Тој дигитален сертификат треба првенствено да послужи како доказ за вакцинација против коронавирусот, а во исто време да овозможи и посета на културни или спортски настани. Инфраструктурата за контрола на тој документ треба да биде готова до 1 јуни.

Дури и пред Шведска, Данска претстави ваков вид документи, кои, пред сè, треба да им го олеснат патувањето на деловните луѓе. Се планира пасошот да биде или во форма на запис на веб-страницата на данското Министерство за здравство или во паметниот телефон на неговиот сопственик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button