ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одлуката на пратениците од ЛДП да дејствуваат надвор од пратеничката група на СДСМ, Заев ја оцени како удар врз неговата партија

Премиерот Зоран Заев најавата на ЛДП дека ќе делуваат како независни во Собранието надвор од соработката со СДСМ го смета како удар врз СДСМ. Иако повтори дека парламентарното мнозинство е стабилно, Заев рече дека ЛДП не требало да донесе ваква одлука во овој период.

Advertisements

Заев додаде дека немањето на пленарни седници во Собранието не е поради недостаток на стабилно парламентарно мнозинство, туку поради пандемијата. Но, ВМРО ДПМНЕ мисли поинаку. Потпретседателот Александар Николовски, рече дека недостатокот на кворум докажува дека ВМРО наскоро ќе има мнозинство во парламентот.

Собранието речиси еден месец не одржа пленарна седница, поради немање на кворум за гласање на дневниот ред, но и за предлог-законите што се на дневен ред.

Mefail Ismaili

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button