ВЕСТИ

Обвинителката Фетаи побара притвор за осудените во „Монструм“

По објавата на пресудата во случајот „Монструм“ обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор за сите четворица осудени од Кривичниот суд. Таква мерка предложи и за Фејзи Азири, со оглед на тоа што тој е во затвор за друго дело и ги користи затворските услови за излез и според Фетаи може да избега.

Advertisements

Инаку, судот на денешното рочиште ги изрече следниве пресуди за обвинетите во случајот „Монструм“, за грозоморното убиство кај Смилковското езеро.

Алил Демири – виновен за теторизам, доживотен затвор

Африм Исмаиловиќ – виновен за теоризам , доживотен затвор

Агим Исмаиловиќ – виновен за теторизам, доживотен затвор

Хаки Азири – виновен за две кривични дела за помагање, единствена казна затвор од 9 години

Фејзи Азири – виновен за 2 кривични дела за помагање во извршување на кривично дело, единствена казна затвор од 15 години

Сами Љута – се отфрла обвинението

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button