ВЕСТИРЕГИОН

Тлото во Хрватска и натаму не мирува, нов потрес во близина на Петриња, почувствуван и во Босна

Земјотрес со јачина од 4,1 степен по Рихтер пред околу еден час е регистриран во Хрватска. Како што пренесуваат локалните медиуми епицентарот на потресот е во близина на Петриња, на длабочина од околу 14 километри. Засега нема информации за материјална штета или повредени лица. Хрватските сеизмолози излегоа со соопштение во кое појаснија дека станува збор за последователни потреси како резултат на разорниот земјотрес што го погоди Петриња лани, на 29 декември.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button