ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 25 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 25 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 251 лице сомнително и потврденио за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти и 9 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.