ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Платформата за родова еднаквост побара кривична одговорност за сторителите на „Јавна соба“

Случајот „Јавна соба“ да се расчисти, а јавното обвинителство да обезбеди ефикасна заштита на жртвите од групата на „Телеграм“. Платформата за родова еднаквост денеска од обвинителството побара ефикасно кривично гонење на сторителите во „Јавна соба“. Според платофрмата, обвинителството не ги заштитува доволно жртвите на родово базирано насилство, бидејќи ги одолговлекуваат истрагите за случаите.
„И покрај ваквата состојба, Советот на јавни обвинители недоволно ги користи своите надлежности за контрола на работата на јавните обвинители кои непрофсионално и ненавремено извршуваат своја функција во однос на кривичните постапки за родово засновано насилство“, рече Јана Коцевска, Платформа за родова еднаквост.