За 10 дена се очекува одлука за учебникот по географија

Седумчлената Комисија започна со работа и се очекува да ја разгледа содржината на книгата по географија за втора година. Министерката за образование Царовска рече дека приоритет на министерството што го води е разгледување на спорните содржини во книгите.
Решението во спорните текстови Царовска го гледа преку системски реформи.
Работата на Комисијата трае од 7 до 10 дена. По овој временски период треба да излезе со епилог дали книгата ќе продолжи да биде во рацете на учениците или ќе биде повлечена од употреба. Инаку, во книгата по географија за втора година на гимназија, Албанците се сметаат за новодојденци. Имено, како македонски народ кои за време на турското владеење ја прифатиле исламската религија и станале Албанци. Оваа книга е испечатена во 2002 година и е повторно издадена уште шест пати без никаква интервенција.
Вјолца Алити