ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Филипче: Засега нема нови рестрикции, бројот на нови случаи резултат на британскиот сој

Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека и покрај порастот на бројот на нови случаи позитивни на коронавирус, засега не се предвидени дополнителни рестриктивни мерки. Како што кажа Филипче, бројот на нови случаи се должи на британскиот сој.
„Има зголемување на бројот на заболени, а тоа се должи на британскиот сој кој постојано се зголемува. Поради него е ова зголемување, затоа што полесно се пренесува. Зголемен е бројот, но не ги загрозува болничките капацитети. Во Скопје слободни болнички кревети има. Сите се подготвени да се вратат во оној претходен режим на работа доколку има потреба. Имаме секојдневна комуникација со директорите на сите клиники и засега не се предвидени рестриктивни мерки“, рече министерот Филипче