

Алсат
08.09.2020 10:25
Натпреварот од Суперкупот на Европа помеѓу Баерн (Минхен) и Севиља ќе се игра пред навивачи во Будимпешта, како што беше планирано, а странските посетители ќе бидат примени само по негативен тест за КОВИД-19, објави УЕФА. Европскиот штаб со официјално соопштение потврди дека билетите се пуштени во продажба, а натпреварот на 24 септември ќе послужи како „прв обид и пример за враќање на навивачите на стадионите“.