
Куќата на европскиот фудбал ја разгледува можноста Европското првенство да се одржи во една земја. Според прелиминарниот план, 12 градови и 12 земји требаше да го организираат натпреварувањето на најдобрите европски репрезентации, но поради пандемијата тешко е да се реализира овој план. Официјалната одлука ќе биде донесена во средината на април. ЕУРО 2020, лани беше откажано и презакажано за ова лето, од 11 јуни до 11 јули. Македонија за прв пат учествува на едно Европското првенство и е во групата Ц, со Австрија, Украина и Холандија.