Собрание: Судар за случајот Монструм

Опозиција од редовите на Албанците го праша премиерот Зоран Заев зошто не ги објави бомбите за случајот „Монструм“. Скендер Реџепи од Алтернатива, во рамки на седницата за прашања на пратеници, побара од Заев искрено да им одговори на граѓаните бидејќи според него, невини луѓе издржуваат затворски казни.
„Зошто овие бомби не се објавија? Зошто невини луѓе гнијат во затвор? Сметам дека ни треба одговор за сите граѓани, зошто ваквиот случај останува тука, со сериозни обвинувања кога има докази дека не е така“.
Заев одговори дека судењето е транспарентно и дека бомбите се сметаат како докази во постапките, па дури и на јавните расправи.
Поради судската одлука за случајот „Монструм“, за утре е закажан протест во Скопје, на кој ќе се приклучи и опозицијата од редовите на Албанците. Пред два дена Кривичниот суд во Скопје ги осуди Африм и Агим Исмаиловиќ и Алил Демир на доживотен затвор. Хаки Азири беше осуден на девет години, додека Фејзи Азири на 15 години затвор. Сами Лута е ослободен во недостиг на докази.
Adrian Kerimi