Нема резултат од вчерашниот состанок во Софија меѓу Османи и Захариева

„Не знам каква е вашата перцепција за ЕУ, но таа не функционира како Југославија. Функционира поинаку. Ова им го кажавме на политичарите во Скопје од 2019 – та година. Бугарија нема да отстапи под ничиј притисок и овој начин на размислување треба да заврши! Имаме интерес да работиме со ЕУ, со САД, со земјите од Западен Балкан за да најдеме решенија за отворените прашања“.
Захариева е категорична дека Македонија не може да започне преговори со ЕУ без исполнување на условите на Бугарија. Захариева го даде овој коментар само еден ден по состанокот со министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Софија. За време на оваа средба, акцискиот план не беше усогласен, ниту беше одреден датум за билатералната меѓувладина конференција, иако Османи претходно рече дека остануваат да се дефинираат само неколку технички прашања. Бугарскиот вицепремиер Каракачанов го повтори своето барање до Скопје да стави крај на говорот на омраза.
„ВМРО не ја смени својата политика и нема да ја промени. Македонија нема да влезе во ЕУ ако не ја коригира својата антибугарска политика. ВМРО нема да дозволи бугарските политичари да ја проголтаат антибугарската политика на Скопје, без оглед кој ќе се обиде да нè убеди“.
Инаку, денеска и утре се одржува онлајн состанокот на Заедничката комисија за историја, на кој се очекува да се разговара за прашањето на Гоце Делчев и книгите по историја за седмо одделение.
Anesa Salihu