ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МАНУ прва државна институција што одбива да го смени името

Владата неодамна до Собранието испратила предлог закон Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ да се преименува во Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија. Откако мнозинството академици го отфрлиле овој предлог, Владата го повлекла од Собранието законот за преименување на институцијата, пренесува МКД.МК

Advertisements

Академиците писмено се обратиле до законодавниот дом и до Владата и побарале законот да биде повлечен.

МАНУ е првата државна институција која и официјално се спротивстави на промена на името и одби да го додаде зборот северна.

Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев во неколку наврати изјави дека е неопходна дебата за договорот од Преспа и за тој со Бугарија.

„Впечаток е дека состојбата, во која се наоѓаат денес многу институции и граѓани на Македонија, поради користењето на името Македонија и придавките што произлегуваат од тоа име, е грда, непријатна, одвратна, застрашувачка. Што ни останува нам? Се надевам дека нема да дозволиме, во 21 век, Библијата да биде цензурирана. Но, не само тоа. Се залагам за достоинствена иднина на сите, па така и на Македонците“, изјави Коцарев.

Извор: МКД.МК

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button