

Алсат
08.09.2020 09:42
Три големи шумски пожари се уште беснеат во Калифорнија, а се предизвикани од рекордно високите температури во овој западен дел на САД.
Пожарникарите не се во можност да го изгаснат пожарот во централна Калифорнија, во округот Фресно. Огнот продолжува да се шири поради многу високите температури, зафаќајќи речиси 79.000 хектари, а истрагата за причините за пожарот сѐ уште е во тек.
Британските медиуми наведуваат дека локалните власти во областа Мадеира издале наредба за евакуација на граѓаните.