Абази: Општеството е рането, треба да се лекува


Алсат
08.09.2020 22:10
На сопствена кожа сум го доживеала македонскиот шовинизам, било од професори, пријатели…, иако некогаш бил пасивен наместо агресивен или изразен, но нашата генерација доживеа некои од овие дискриминации, вели Виѓиленца Абази, универзитетска професорка која живее во Холандија, експерт за европско право.
Во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, на тема меѓуетничките односи во развивањето на државата, Абази оценува дека сеќавањето не може едноставно да се избрише и оти е потребна дебата за лекување на општеството.
„Јас сум растела во Скопје, но имало населби во Скопје кои никогаш не сме ги посетиле бидејќи сме мислеле дека не ни следува тој дел од земјата. Значи, сме имале и имаме сегрегација. Јас сум оптимистка, затоа сум дел од вакви емисии и постојано следам што се случува во Македонија, сум дел од неколку НВО-а каде ги поддржувам студентите со стипендии, но мислам дека не можеме да зборуваме за бришење на сеќавањето и да мислиме дека се е розово и можеме да продолжиме. Треба да имаме искрена и отворена дебата, да бидеме покоректни и да се занимаваме со тие дебати кои се потребни за да ги лечиме раните во нашето општество“, вели Абази.