ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Противниците на ерменскиот премиер насилно влегоа во владата

Противниците на ерменскиот премиер Никола Пашинијан упаднаа во зградата на владата, пренесува РИА Новости.

Advertisements

Опозицијата одржа митинг во салата на приземјето и ги повика претставниците на министерството да не учествуваат на митингот организиран од премиерот во понеделникот. Нивниот митинг во зградата траеше само неколку минути. Откако побараа оставка од премиерот, демонстрантите ја напуштија зградата.

Конфликтот меѓу премиерот и неговите противници, вклучително и многу припадници на армијата, трае со денови во Ерменија.

Армијата бара оставка од Пашинијан, но и оставка од целата влада, поради замерки за водење на земјата за време на конфликтот во Нагорно Карабах, територија што ја оспоруваат Ерменија и Азербејџан.

Конфликтот заврши на 9 ноември со мировен договор со посредство на Русија и оттогаш Пашинијан беше нападнат од критичари кои сметаат дека тој им го предал Нагорно-Карабах на Азербејџанците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button