ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Заев за етничката графа во личните карти: Како е во ЕУ, така треба да биде и кај нас!

Како е во Европа така треба да биде и ај нас, рече премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање во врска со етничката графа во личните карти. Запрашан за став по најавите од ЕУ дека во август годинава ќе стапи во сила европска регулатива со која се забранува наведување на етничка припадност во личните карти Заев рече:
„Јас би одел да се донесат одлуките, со опција на избор, а штом ќе стапат во сила Регулативите од ЕУ ние треба да ги почитуваме. Сите сме за ЕУ. Не само коалицијата, туку и цела опозиција. Така што, ако остануваме на патот на ЕУ, а остануваме, нема друга алтернатива, треба да ги почитуваме европските Регулативи. Како е во Европа, така треба да биде и кај нас“, рече Заев.