МАКЕДОНИЈА

Заев: Пишувањата на Герогиевски се негови лични коментари

Коментарите изнесени од Љубчо Георгиевски, коалицискиот партнер во владата, во врска со начините за нормализирање на односите со Бугарија премиерот Зоран Заев ги гледа како негови лични ставови кои не соодветствуваат со ставовите на Владата кон решавање на отворените прашања помеѓу Скопје и Софија.

Advertisements

„Ние вчера дадовме коментар дека мислењето на нашиот коалиционен партнер, Љубчо Георгиевски е негово лично мислење. Уште еднаш ќе кажам, владата ниту преговарала, ниту преговара, ниту ќе преговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик“, рече Заев.

Потсетуваме Љубчо Георгиевски беше поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија во периодот од 1998 до 2002 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button