ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев за етничката графа во Личните карти: Да се усвои законот, но и да се почитуваат Регулативите на ЕУ

Премиерот Зоран Заев нема дефинитивен став дали треба да се одобри или не Предлог законот за лични карти, кој предвидува ставање графа за етничка припадност. Шефот на извршната власт вели дека Законот треба да биде усвоен, но истовремено треба да се почитуваат директивите на Европската Унија, што значи да нема етничката и верската припадност, бидејќи личните податоци не треба да се појавуваат во документите за идентификација.

Advertisements

Прашан дали неприфаќањето на Законот може да го загрози парламентарното мнозинство, поточно заминување на Движењето Беса од коалицијата, Заев вели дека ова е нов момент што мора да го почитуваме.

Движењето Беса не се повлекува од својот став дека директивите се однесуваат на земјите – членки и законот може да биде на сила сè додека Македонија не стане полноправна членка. Инаку, Левица пред неколку дена објави дека побарала мислење од Венецијанската комисија за Законот за лични карти. Постапката за усвојување запре на техничкото разгледување на 1.230 амандмани. Промената на ставот на Заев дојде како резултат на изјавата на амбасадорот на ЕУ во Скопје Дејвид Гир, кој истакна дека земјите на ЕУ го усогласуваат законодавството што забранува лични податоци како што се етничката припадност и вера да бидат ставени во документи за идентификација.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button