ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Граѓаните повторно ќе можат да ги плаќаат сметките во пошта

Од денеска платниот промет на Македонска пошта е во функција. Граѓаните ќе имаат можност да ги плаќаат режиските трошоци и да вршат останати уплати повторно на шалтерите во Пошта, со провизија од 35 денари по уплатница. Поради тест период, до петок на располагање на граѓаните ќе им бидат 35 поштенски единици, а веќе од следната недела тоа ќе може да го прават во сите 300 објекти на Пошта. Во првиот час од работата беа направени над 500 трансакции, вели директорот државната компанија Јани Макрадули.

Advertisements

„Покрај ковидот се случи и стечајот на банката и од 12 август сериозно придонесе за негативниот финансиски тренд на Пошти. Има еден тековен минус од околу 2,5 милиони евра и има еден акумулиран од десетина милиони евра“, рече Јани Макрадули директор на Македонска пошта.

По пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во Пошти го презема Халкбанк. Од банката велат дека ќе направат се технички да бидат што побрзо подготвени платниот промет да функционира во сите поштенски единици низ земјава.

„Свесни сме дека платниот промет во Пошта е многу важен за граѓаните, не само затоа што е наједноставен и најевтин начин за готовински плаќања, туку и од причина што за жителите на многу населени места е и единствен начин за плаќање сметки, обврски кон државата, уплата на средства и слично“, рече Буке Геречџи, Халкбанк.

По пропаѓањето на Еуростандард банката се стопираше исплатата на пензии и социјална помош на примателите кои ја добиваа на домашна адреса преку поштар. Инаку, во Пошта работат 2.035 лица, 800 поштари и околу 500 шалтерски работници. Макрадули признава дека има превработеност во административниот дел на компанијата, а друг проблем е тоа што над 60 отсто од вработените се постари од 55 години.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button