ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изет Меџити не открива кога ќе иницира интерпелација против сопартиецот, Артан Груби

По најавите дека нема да се откаже од интерпелацијата против вицепремиерот Артан Груби, координаторот на пратеничката група на ДУИ Изет Меџити денеска не сакаше да открие кога ќе го иницира тоа. Иако лидерот на ДУИ, Ахмети, пред неколку дена рече дека нема никакви проблеми меѓу неговите партиски функционери, коалицискиот партнер, премиерот Заев, уверува дека добил уверување оти повеќе нема да има проблеми со кворумот во Собранието.

Advertisements

Но и покрај ова, Арбер Адеми од ДУИ, возвраќа неговата партија не ни била проблем за обезбедување кворум.

„Имаше кворум. Отсуството на г. Меџити никогаш не беше прашање за немање кворум во Собранието. ДУИ има своја парламентарна група, тоа е неразделна, единствена во делувањето, единствена во ставовите, како што постапивме денеска, така ќе делуваме и во наредните денови.“

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, коментирајќи ги ваквите случувања велат дека предвремени парламентарни избори би го решиле проблемот со блокадите на Собранието.

Поради кревкото мнозинство, Собранието минатиот месец одржа само неколку седници, а сè уште не е закажана никаква седница ниту за оваа недела.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button