ВЕСТИЗДРАВСТВО
Trending

Како да се ослободите од желбата за благо?

 


Научниците откриле како да ја отстранат желбата за шеќер кај лабораториски глувци и велат дека истата техника може еден ден да се примени и кај луѓето.

Доколку сте љубител на благо, и сами знаете колку големо искушение претставува табла чоколадо. Научниците од Универзитетот во Колумбија откриле начин како да ја отстранат желбата за благо кај глувци, а притоа тврдат дека еден ден, таа иста техника може да има ефект и кај луѓе.

Студијата се базира на претходни истражувања во кои научниците откриле дека кога јазикот доаѓа во контакт со еден од петте вкусови – сладок, горчлив, солен, кисел или безвкусен, клетките на јазикот испраќаат сигнали до одредени области на мозокот за тој да го препознае вкусот и да поттикне соодветна акција.

Во оваа студија, научниците се фокусирале на благи и горки вкусови, како и на делот од мозокот кој е клучен за донесување одлуки за почувствуваните искуства.

“Нашите претходни дела откриваат јасна распределба помеѓу благите и горките подрачја во кортексот за вкус. Оваа нова студија покажува како таа распределба продолжува се до амигдалата. Тоа значи дека независно може да манипулираме со тие две области од мозокот и да ги следиме настанатите промени во однесувањето”, вели Д-р. Ли Ванг, автор на студијата.

Тимот направил неколку експерименти каде благите и горчливите врски со амигдалот се вештачки исклучени. Кога биле исклучени врските за благо, глувците и натаму можеле да ги разликуваат вкусовите, но недостасувале основни емоционални реакции како што се преферирање на шеќер или аверзија кон горко.

“Тоа е исто како да го јадете своето омилено чоколадо, а при тоа не доживеете никакво задоволство. После неколку парчиња, најверојатно ќе престанете да јадете, додека инаку би го изеле целото чоколадо”, вели Д-р. Ванг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button