ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО активно постапува за утврдување кривична одговорност за групите „Јавна соба“

Јавното обвинителство информира дека активно постапува за утврдување кривична одговорност во предметите поврзани со групите „Јавна соба“ оформени на социјалната мрежа „Телеграм“.

Advertisements

Истрагата за предметот познат како „Јавна соба 1“ е во тек и е во завршна фаза, додека предметот во јавноста познат како „Јавна соба 2“ е во фаза на предистражна постапка.

– Во предметот во јавноста познат како „Јавна соба 1“, Основното јавно обвинителство Скопје на 05.02.2021 година донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија по член 193-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата осомничени, како основач и модератор на групата, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител, се вели во соопштението, ги повика двајцата осомничени да бидат испитани во Јавното обвинителство, а ќе следи и увид во доказите од одбраната. Воедно Јавното обвинителство ги комплетира и материјалните докази за кривичното дело за кое е отворена истражната постапка, по што ќе следува донесување на јавнообвинителска одлука.

Од ОЈО информираат дека на социјалната мрежа „Телеграм“ оваа група веќе е згасната, обвинителството во овој предмет поведе постапка за ова кривично дело, бидејќи во текот на предистрагата беа обезбедени материјални докази кои упатуваат токму на оваа правна квалификација.

Предметот во јавноста познат како „Јавна соба 2“ е во фаза на предистражна постапка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button